Европскиот суд за човекови права ја одби жалбата на Брејвик против Норвешка

Макфакс

21/06/2018

15:59

1.164

Големина на фонт

а а а

Европскиот суд за човекови права ја отфрли како неоснована жалбата на Норвежанецот, Андрес Беринг Брејвик, кој е незадоволен од нехуманите и понижувачки затворски услови, пренесува „Дојче веле“.

„Судот во Стразбур утврди дека во неговиот случај не е откриена каква било повреда на Конвенцијата и ја отфрли тужбата како неприфатлива, бидејќи очигледно е неоснована. Одлуката е конечна,“ се посочува во соопштението на Судот.

Брејвик во 2011 година со огнено оружје и со автомобил-бомба уби 77 луѓе и повреди 42, претежно деца, на островот Утоја и во центарот на Осло, поради што е осуден на 21 година затвор, што е максимална затворска казна во Норвешка.

Тужбата на Брејвик против Норвешка наведува дека условите во кои е затворен ги прекрчуваат членовите 3 и 8 од Европската конвенција за човекови права, кои се поврзани со спрелувањето на тортурата и нехуманото однесување како и на правото на приватност и семеен живот. Таа особено се фокусираше на фактот дека Брејвик го чуваат во изолација од останатите затвореници во затворот.

Претходно, норвешкиот Врховен суд ја одби жалбата на Брејвик, кој е незадоволен од целосната изолација во затворот, со образложение дека десничарскиот екстремист не се покајал и оти може да ги нападне другите затвореници. На Брејвик му е дозволено да контактира само со адвокатите и со службените лица во затворот, како и со чуварите и здравствените работници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг