Петмина повредени во девет сообраќајни несреќи

Макфакс

21/06/2018

11:47

995

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои пет со лесни телесни повреди и четири со материјална штета.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 93 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи од кои: пет возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, тројца бидејќи биле возачи-почетници и четворица поради сторени останати сообраќајни прекршоци. Исто така исклучени од сообраќај се и 14 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола. Во текот на изминатиот ден издадени се 262 мандатни платни налози, додека 66 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг