Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка која роди дете додека е на власт

Макфакс

21/06/2018

10:30

1.413

Големина на фонт

а а а

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години кој имал дете додека е на власт.

Веста дека родила девојче, таа ја објави на својот профил на Инстаграм. Нејзината ќерка се родила во 4.45 часот по локално време и тежи 3,31 килограми.

„Ви благодарам многу за најдобрите желби и вашата љубезност. Двете се чувствуваме добро благодарение на прекрасниот тим во градската болница во Окленд”, напишаа таа во својот пост. Ардерн била примена во болница вчера, отколку веќе неколку денови биле во исчекување да се породи.

Изминатите неколку дена медиумите преку блогови ги споделуваат најновите случувања во живо, во очекување да се породи премиерката. Џеси Чианг, радио новинар од Нов Зеланд, напиша на Твитер дека таа и другите новинари биле во болница од 6 часот наутро.

„Сè уште нема бебе … но тие ги хранат медиумите”, напиша таа, објавувајќи фотографија со маса преполна со храна обезбедена за новинарите кои во болницата ја очекувале убавата вест.

Новозеланѓаните исто така шпекулираа за полот и за името на бебето. Еден корисник на Твитер во четвртокот се пошегува: „Ако е машко ќе биде Винстон Мајкл Џозеф Питер Норман Дејвид Дејвид Дејвид Филип Ендрју Гејфорд Ардерн”. Сепак, бебето има поголеми шанси да биде именуван како Оливер или Џек – двете најчести имиња за бебиња во 2017 година. Ако е девојче, може да биде Шарлот или Харпер, најчестите имиња де девојчиња, шпекулираа медиумите.

Корисниците на Твитер поентираа дека ако бебето се роди во четвртокот, ќе има роденден заедно со принцот Вилијам и поранешниот пакистански премиер Беназир Буто, кој беше прв и досега единствен лидер кој имал бебе додека бил на власт во 1990 година.

37-годишната премиерка, која беше избрана во октомври, ја објави својата бременост во јануари преку Инстаграм. Нејзиниот партнер, Кларк Гејфорд е водител на серија риболовни документарни филмови, но ќе се откаже од работата за да остане дома и да се грижи за бебето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг