"CNN" го анализира рускиот претседател: Еве како Путин на Мундијалот дава дипломатски голови

Точка

20/06/2018

15:26

3.943

Големина на фонт

а а а

Кремљ можеби не е во добри односи со Западот, но Русија е домаќин на светското првенство во фудбал и затоа остатокот од светот доаѓа кај рускиот претседател Владимир Путин, објавил "CNN".

"CNN" наведува дека светските лидери доаѓаат во Москва на Мундијалот, што го крева угледот на Путин и Русија ја става во центарот на геополитичките случувања, а рускиот претседател освојува важни дипломатски поени. 

Како пример се наведува убедливата победа на Русите на стартот на првенството против Саудиска Арабија.

Во свечената ложа, Путин го угостил Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Селекцијата на Саудиска Арабија изгубила од Русите со 5-0, но Путин и саудискиот принц ја искористиле таа средба да ја потврдат согласноста околу светската цена на нафтата.

Офанзивниот "шарм на Светското првенство" на Путин продолжил и оваа недела. Во вторникот во Русија пристигнал и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за заедно со рускиот претседател да го гледа натпреварот меѓу Португалија и Мароко.

Рускиот претседател ќе му биде домаќин и на јужнокорејскиот лидер Мун Џае Ин, кратко по историските средби меѓу севернокорејскиот лидер и претседателот на Америка во Сингапур.

"CNN" наведува дека Мин прво ќе одржи говор во руската Дума, за потоа да отпатува во Ростов каде ќе го гледа натпреварот меѓу селекцијата на неговата земја и Мексико.

Станува збор за тридневна посета, која ќе почне утре.

Како и зимските Олимписки игри во Сочи во 2014. година и Светското првенство во фудбал, претставуваат начин Русија да ја искаже својата самодоверба кога станува збор за враќање на светската политичка сцена, консатира "CNN".

Потсетувајќи на случајот со Крим, соборувањето на малезискиот авион "MH17" над Украина, како и случајот со труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка, "CNN" наведува дека тоа не ги одвратило странските туристи да ја посетат Русија, како и дека, според податоците на ФИФА, најмногу влезници за Светското првенство биле купени во Америка.

"А присуството на илјадници странски навивачи, кои слават, навиваат и пијат на московските улици и други руски градови, праќаат силна визуелна порака - Русија го дочекува светот со раширени раце и не е изолирана", заклучува "CNN".




Спонзорирани линкови

Маркетинг