Популистичката Лега за прв пат е најпопуларната партија во Италија

Макфакс

20/06/2018

14:56

601

Големина на фонт

а а а

Италијанските анкети покажуваат дека десничарската, популистичка партија Лега, предводена од министерот за внатрешни работи, Матео Салвини, за првпат е пред антиестаблишментското Движењето пет ѕвезди (M5S, пренесува „Брејтбарт“.

Анкетата, објавена во понеделникот од страна на италијанската фирма SWG, покажува дека Лега има 29,2 отсто од гласовите и е пред својот коалициски партнер кому поддршка му изразиле 29 отсто од анкетираните.

Популарноста на Лега речиси двојно се зголеми по парламентарните избори на кои партијата постигна 17,4 отсто во март, откако партијата формираше нова влада со М5С, која беше најголем победник на изборите со 32,7 отсто освоени гласови.

Голем дел од новооткриената популарност на Лега дојде по одлуката на Салвини да му забрани влез на мигрантскиот НВО брод „Аквариус“, со кој раководи НВО SOS Медитерран, во италијанските пристаништа заедно со 629-те мигранти. И покрај тоа што овој потег беше критикуван од францускиот претседател Емануел Макрон и други, анкетата на ИПСОС покажа дека скоро 70 отсто од Италијанците се согласиле со одлуката на Салвини. По овој потег, Салвини зборуваше за други НВО кои се обидуваат да донесат мигранти во Италија велејќи:

“Овие господа знаат дека Италија повеќе не сака да биде соучесник во бизнисот со илегалната имиграција и затоа ќе мора да бара други пристаништа [не италијански] каде да одат”.

Во текот на викендот, невладината организација „Мишн лајфлајн“ го нарече Салвини „фашист” во твит што подоцна беше избришан.

Како одговор на тоа, Салвинини објави фотографија на човек со голем пирсинг на носот и со розово обоена „мохиканка“ кој тврди дека е член на екипаж на НВО брод и напиша:

“Овој господин е во екипажот на бродот на германска НВО, кој, додека чекаше да се качат имигрантите, ме нарече фашист. Многу уверливо!“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг