ВМРО-ДПМНЕ: Потценувачки е меѓународен договор да го менува Уставот

Макфакс

19/06/2018

17:06

1.133

Големина на фонт

а а а

Жална е сликата како пратениците на СДСМ се обидуваат да го бранат капитулантското дело на Зоран Заев, реагира опозицијата по прес-конференцијата на Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

„Овој договор е производ на изборна измама на Зоран Заев и криминалниот картел кој го води. Заев пред избори ветуваше дека нема да прифати промена на Уставот, сега гледаме дека не само што прифатил промена на Устав, туку и многу повеќе од тоа. Заев ја разградува државата. Пратениците на СДСМ се ставени да аминуваат криминал и противуставен договор. Насилното туркање на овој договор во Собранието преку кршење на законите и процедурите е недозволиво и уште еден чин во низата незаконитости кои СДСМ и Заев ги преземаа во изминатиот период. Потценувачки за Република Македонија е со меѓународен договор да се менува Уставот на државата и задира во идентитетот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата смета дека договорот за нас претставува обврски и Македонија е оштетената страна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг