Насилничка во Англија влечела девојка по земја, другите девојки навивале и снимале со мобилните

Точка

19/06/2018

12:36

4.399

Големина на фонт

а а а

На интернет се појавило видео снимено во Манчестер, кое прикажува брутално насилство на една тинејџерка над друга.

Нападот го снимиле многу сведоци и видеата за краток рок завршиле на социјалните мрежи. Жртвата Аби МекКарти има само 15 години, но веќе морала да го промени училиштето поради насилство во одделението. Нејзината мајка Карли опишала како нејзините врсници ја злоставуваат нејзината ќерка. 

"Секој ден доаѓа дома со модринки. Ми кажа дека соучениците константно ја удираат, а дури и и ставиле лепак во косата", рекла Карли за "Daily Mail".

Во видеото кое трае една минута се слуша и се гледа како ученичка на ливада и се заканува на Аби, ја турка на земја и ја влече за коса. Аби наводно ширела грозни гласини за таткото на дотичната девојка.

Во просек злоставуван секој петти ученик

"Зборувај пак така за мојот татко ако се осудиш. Те предизвикувам! Мртва си!", и кажала насилничката на Аби. Останатите соученици ја исмејувале Аби бидејќи "речиси се расплакала", што исто така се слуша на снимката. Истата вечер, мајката на Аби, Карли, го пријавила нападот во полицијата во Манчестер, откако видеото почнало со голема брзина да се шири на социјалните мрежи.

"Бев згрозена. Аби имаше огромен подлив на главата. Веднаш ја однесов на лекар", рекла Карли и додала дека инсистира луѓето да го погледнат видеото за да сфатат дека постои насилство меѓу децата и дека злоставувачите не би смееле да се извлечат без последици.

Статистиката на британскиот Национален центар за спречување на злоставување открива дека во Велика Британија во просек еден од пет ученици е злоставуван.




Спонзорирани линкови

Маркетинг