Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Макфакс

18/06/2018

21:38

5.262

Големина на фонт

а а а

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби фрлија на сопствениот народ, но никој не се плаши од солзавци и шок бомби. Фашистите се они и од нас сакаат да создадат фашистичка творба“ рече Солза Грчева на денешниот протест поради промената на името.

„Сакаат да не се погребуваме на македонските православни гробишта, нема тоа да го дозволиме. Се сакаат да скинат замислиле оваа нација да нема минато. Додека имаме чесни паметни и вредни луѓе нема да го дозволиме тоа. Имаме паметни луѓе и на сите фронтови ќе се бориме. Македонија ќе остане исконска

Го тестираат трпението на народот, но овој народ е камен и нема да го измести никој никогаш.

Нема да се смириме додека не се распушти ова ненародно собрание. Сите до еден има да го напуштат ова Собрание

Владата не е легитимна затоа што Собранието не е легитимно. Ова е ист момент на нашата генерација. Ние ќе одиме право кон ова собрание и оваа влада. Секој од нас ќе биде силен ако знае дека не има мн и не сме сами. Целата дијаспора е со нас“, порача Солза Грчева.

Не им се плашиме на платениците, гордо со високи дигнати чела да знаете дека оваа битка ќе ја извојуваме ние. Секој ден упорно, во сите градови и села народот мора да пресече. Сега е моментот. Ние сме на страна на правдата, овие луѓе кршат се, тука е нашата шанса да ги уништиме. Да им покажеме со кого си имаат работа“ порача Солза Грчева.



Спонзорирани линкови

Маркетинг