Големо полициско обезбедување пред почетокот на протестите

Макфакс

18/06/2018

20:12

3.995

Големина на фонт

а а а

Големо полициско обезбедување е распоредено околу Собранието пред почеток на протестите поради промената на името.

Во синоќешните проести, полицијата употреби солзавец и неколку шок бомби, за да ја растера толпата.

Демонстрантите, за кои МВР тврди дека демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, реагираа дека полицијата употребила прекумерна сила.

Основното јавно обвинителство покрена истрага за синоќешните случувања пред Собранието, во кои повредени беа седум полицајци, а десетина други побарале лекарска помош. Како што соопшти МВР приведени се 26 демонстранти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг