Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

Макфакс

18/06/2018

13:42

3.392

Големина на фонт

а а а

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош.

Некои од учесниците во протестот, кои биле маскирани, насилно ја турнале заштитната ограда и почнале со фрлање камења и пиротехнички средства и други предмети кон зградата на Собранието и полицискиот кордон обидувајќи се насилно да влезат во Собранието, велат од МВР.

„Околу 21.30 часот 50-ина демонстранти, движејќи се во група, се упатиле кон плоштадот Македонија и насилно влегле во два угостителски објекта, каде што искршиле дел од инвентарот и предизвикале паника и страв кај присутните гости, а во еден објект демонстрантите врз гостите фрлиле солзавец. Во близина на хотелот „Холидеј ин“ запалено е комбе „фиат“, а огнот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита“, соопштија од МВР. 

На синоќешниот протест полицијата употреби солзавец и повеќе шок-бомби за растерување на толпата. Демонстрантите реагираа дека полицијата употребила прекумерна сила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг