(ВИДЕО) Со солзавец и шок бомби растерани демонстрантите од пред Собрание против промена на името, а има и повредени!

Точка

17/06/2018

22:12

13.759

Големина на фонт

а а а

Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието на Република Македонија.

Пред македонското Собрание вечерва се одржува протест против Договорот за името што денеска беше случен со Грција. Насобраните граѓани извикуваат „Не го даваме името“ и пејат патриотски песни.

Дојде до судир помеѓу полицијата и демонстратите, откако истите ја срушија заштитната ограда пред Собранието. Нешто после 21 часот демонстрациите станаа насилни, а насобраните граѓани се обидоа да влезат во Собранието. Околу 2.000 револтирани демонстранти со навреди и погрдни зборови фрлаа камења и факли кон полицајците. Протестот е организиран преку социјални мрежи од навивачката група „Комити“.

Протестот, организиран преку социјалните мрежи, ескалираше откако дел од демонстрантите се однесуваа агресивно кон полицијата, по што припадниците на ЕБР со оклопнo возило ја растурија толпата. Полицијата со солазавец и шок бомби ги растера демонстрантите кои протетстираа пред Собранието поради договорот со Грција за конечно решавање на спорот за името, кој денеска во Преспа го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Има неколку повредени во демонстрациите вечерва пред Собранието на Македонија. Интервенираше и Брзата помош.





Спонзорирани линкови

Маркетинг