Меси трагичар: Храбрите „рибари“ не попуштија пред Аргентина

Дерби

16/06/2018

17:38

2.397

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси и неговите сонародници од Аргентина немаа посакуван старт на 21. Светско фудбалско првенство кое се одржува во Русија.

„Гаучосите“ иако важеа за големи фаворити не успеаа да ги освојат трите бода против малиот Исланд кој во свој стил со пожртвувана игра, борба се избори за реми од 1-1. Фаворитот упати скоро 30 удари на оваа средба, не искористи удар од 11 метри (Меси), па има за што да жали и зошто мундијалот не го започна со освоен цел плен.

Во рок од 4 минути паднаа погодоците, прво стрелаше Агуеро во 19 за 1-0, додека Финбогасон екпресно го израмни резултатот.


Вториот дел го донесе пеналот кој капитенот на Аргентина, Меси го промаши или поточно голманот Халдорсон ја прочита неговата намера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг