Кетрин Зета Џонс ѝ се обрати на јавноста: “Извинете“ што сум богата, што се омажив за ѕвезда и што не изгледам лошо“

Точка

16/06/2018

15:51

12.025

Големина на фонт

а а а

Оскаровката Кетрин Зета Џонс може да се пофали со богатството коешто ѝ изнесува повеќе од 185 милиони долари. А сега после толку години скромност глумицата изјави дека ќе сврти нов лист во нејзиниот живот.

Глумицата Кетрин веќе со години чувствувала вина поради нејзиното богатство, добриот изглед и талент, а сега изјави дека од сѐ и е доста и дека веќе нема намера да му се правда некому.


“Ќе кажам само едно нешто, повеќе нема да бидам скромна. Доста ми е од тоа, навистина. “Извинете“ што сум богата, што се омажив за ѕвезда и што не изгледам лошо“- рекла Кетрин.


“Не, не ми е жал. Сега ќе се фокусирам само на работата, тоа е она што јас го сакам. Имам две прекрасни деца и здрав и среќен сопруг. Сѐ е во совршен ред и нема да бидам скромна поради тоа.“- додала глумицата.


Кетрин е мажена за холивудската легенда Мајкл Даглас (73). Славните сопружници имаат две деца заедно, синот Дилана (17) и ќерката Керис (15).



Спонзорирани линкови

Маркетинг