Овој човек направил хаос во грчкиот парламент: Повикал на државен удар, па побегнал од полицијата по филмската потера

Точка

16/06/2018

15:33

7.643

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на грчката десничарска партија Златна зора, Константинос Барбарусис, кој вчера повикал на државен удар поради што бил избришан од членството на таа партија, уште не е уапсен бидејќи побегнал од полицијата по филмската потера.

Тој сега се товари, освен за предавство, и за спротивставување на властите на опасен начин, бидејќи можел да предизвика сообраќајна несреќа. 

Барбарусис не сопрел на патот кога му сигнализирала полицијата, па дал гас и возел со 180 km/h, по што побегнал и по него уште се трага.

Со одлуката на лидерот на грчката десничарска партија Златна зора, Никос Михалолиакос, и со согласност на парламентарната група на оваа партија, пратеникот Константинос Барбарусис е избришан од членството поради неговиот став изразен во парламентот, кога ја повикал војската да ги уапси премиерот Алексис Ципрас, министерот за надворешни работи Никос Каменос и претседателот на Грција Прокопис Павлопулос, поради договорот за новото име на Македонија.

Како што известуваат медиумите од Атина, претседателот на партијата рекол дека изјавата на Барбарусис не е во склад со ставовите на Златна зора.

Истовремено, Каменос и неговиот заменик, Фотис Кувелис, ќе поднесат усна жалба до Врховниот суд на Грција поради пратеникот од Златна зора и ќе побараат од обвинителот Барбарусис да се гони во склад со кривичниот закон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг