Во Струмица протест против ископ на рудникот „Иловица“

Макфакс

16/06/2018

13:35

1.568

Големина на фонт

а а а

Голем број граѓани денеска излегоа на протестен марш во Струмица против ископ на рудникот „Иловица“. На протестот граѓаните на Струмица и околината го искажаа својот револт против изградбата на рудникот извикувајќи „Стоп за Иловица“, „природата и здравјето пред профитот“.

„Во југоистокот нема да има вакви рудници, потребна е здрава околина, здрава храна за здрава нација“, велат граѓаните кои веќе подолг период се борат да ја зачуваат здравата животна средина во овој дел од Република Македонија преку различни обиди да се стопира изградбата на рудникот за кој сметаат дека темпирана еко бомба. 

„Иловица“ важи за најголем извор на бакар и злато во Југоисточна Европа, според истражувањата рудникот има годишен капацитет од 10 милиони тони руда, а животниот доколку продолжи со работа рудникот се предвидува да трае 20 години. Просечното годишно наплатливо производство е проценето на 83 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар. Развојот на проектот трае веќе десетина години и беше поддржан од државните институции во земјата за време на претходната влада. 

Откако дојде до промена на власта, премиерот Зоран Заев изјави дека лично тој, но и владата се против рудниците и ќе направат се за да го заштитат здравјето и животот на граѓаните. 

„Рудникот во Иловица, ниту е еколошки организиран, ниту имаат геотекстил, а сакаат со цијанид да ја лужат рудата. Ова во Македонија е недоволиво, во мојот плоден струмички крај е недозволиво. Затоа, нашиот став е јасен“, изјави минатата година премиерот Зоран Заев во посета на струмичко Ново село. 

Сепак, и покрај оваа изјава на актуелниот премиер и ставот на Владата на РМ, рудникот „Иловица“ не е дефинитивно стопиран. И понатаму постои можност „Иловица“ повторно да почне да работи со полн капацитет спротивно на волјата на граѓаните од југоисточниот дел на Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг