Здружението Репортери без граници денеска повика на темелна и независна истрага за исчезнувањето на новинарот Стефан Цветковиќ.
Цветковиќ по исчезнувањето, во петокот беше пронајден жив и здрав.
Репортери без граници потсетуваат дека новинарот исчезна во ноќта на 13 јуни, кога е пронајден неговиот автомобил со вклучен мотор, запалени светла и отворени врати на возилото.