Португалскиот селектор по натпреварот: Роналдо е физички силен, но неверојатна е уште една негова карактеристика

Дерби

16/06/2018

12:03

1.942

Големина на фонт

а а а

Синоќа беше одигран еден убедливо најинтересниот натпревар во досегашната фаза на Светското првенство, каде со нерешен исход (3-3) репрезентациите на Шпанија и Португалија ги поделија бодовите.

На мечот одигран на Олимпискиот стадион во Сочи, португалската репрезентација на двапати имаше минимална предност, а во самиот финиш мораа да се спасуваат од пораз. Но, најрасположен кај Португалците предводени од Фернандо Сантош беше напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо кој три пати ја затресе мрежата на Давид Де Хеа.

На прес-конференцијата по натпреварот, португалскиот селектор за медиумите го даде своето мислење за потребата во својот состав да се има еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

– Кристијано е физички силен, но и неговата ментална сила е неверојатна исто така. Дури и кога Шпанија имаше водство од 3-2, тој го носеше тимот на свој грб. Игра на највисоко ниво неколку години и знаеше што треба да направи вечерва,- изјави Сантош на прес-конференцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг