Меси: Дали ова е моето последно СП? Тоа ќе зависи од една работа

Дерби

16/06/2018

12:02

1.284

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси со својата Аргентина е пред нов предизвик-настап на Светското првенство во Русија. Ова многумина ја посочуваат како последната шанса за оваа генерација на „гаучосите“ да направи поголем исчекор и дојде на трoнот на светскиот фудбал.

Воедно постои голема дилема и за тоа дали за Меси ова ќе биде последен мундијал, односно дали ќе се повлече од националниот тим по фудбалското патување во Русија. Одговор на ова прашање даде самиот Меси кој кратко и јасно порача:

-Често ме прашуваат дали ова ќе биде мое последно СП и јас навистина не знам. Не размислувам за тоа во моментов. Мислам многу ќе зависи од тоа како ќе играме овој месец и како ќе го завршиме турнирот, -рече Лео кој е подготвен за новиот предизвик.

-Ние се подготвувавме многу добро во текот на изминатите неколку недели. Имаме добри играчи и ќе се бориме на секој натпревар, -дополни напаѓачот на Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг