Крвава саудиска агресија: За само 3 дена над 280 загинати...

Точка

16/06/2018

12:41

2.278

Големина на фонт

а а а

Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија го ослободија аеродромот во главниот јеменски приморски град Худајда од бунтовничките сили на Хутите, соопштија денес од саудиската армија.

Моментално биле испратени технички тимови за демонтирање на експлозивните направи кои што Хутите ги оставиле зад себе на аеродромот, се додава во соопштението. Според последните информации, бројот на загинати во последните три дена колку што траат интензивните борби против Хутите кои што ги поддржува Иран изнесува над 280 лица.

Офанзивата на Саудијците има за цел преку градот Худаида да се отвори хуманитарен конвој за доставување на помош, пред се на храна, за 8,5-те милиони жители на земјата кои што практично гладуваат откако започна побуната во земјата и потоа и саудиската агресија.

Токму преку тоа пристаниште поминува преку 70% од храната која што ја увезува Јемен, како и најголемиот дел од хуманитарната помош и гориво.



Спонзорирани линкови

Маркетинг