Селекторот на Египет ја објасни одлуката да го остави Салах на клупа

Дерби

15/06/2018

19:08

2.645

Големина на фонт

а а а

Вториот ден на Мундијалот во Русија беше отворен со натпреварот помеѓу селекциите на Египет и Уругвај, каде јужноамериканскиот тим во финишот на дуелот стигна до минимална победа од 1-0.

Сигурно најтешко денеска му беше на најдобриот поединец во репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах, кој закрепнува од повредата која ја заработи на финалето во Лигата на шампионите. Напаѓачот на Ливерпул целиот натпревар го помина на клупата за резерви, иако во текот на вчерашниот ден селекторот на „фараоните“, Хектор Купер, најави дека Салах е подготвен за соочување со Уругвај.

На прес-конференцијата по денешниот натпревар, Купер ја објасни својата одлука да го отвори Светското првенство без еден од најдобрите фудбалери во светот за оваа сезона.

– Мо Салах е важен играч за нас. Морате да имате добар тим за да го вклопите, а ние го имаме тоа. Салах ќе има важна улога во наредните мечеви. Само сакавме да не ризикуваме денеска, но мислам дека ќе биде подготвен за наредниот меч,- изјави Купер на прес-конференцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг