Португалецот призна дека е виновен: Роналдо осуден на две години затвор и казна од 19 милиони евра

Дерби

15/06/2018

19:06

3.183

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо вечерва со својата Португалија го игра првиот меч на Светското првенство во Русија, но пред оваа средба дојдоа интересни вести од Шпанија за ѕвездата на Реал Мадрид поврзани со обвинението за затајување данок.

Според сознанијата на „Мундо Депортиво“, големата ѕвезда признала дека е виновна за затајување данок по што е изречена казна затвор од две години и парична казна во висина од 18.8 милиони евра. Ова е договорот кој Роналдо го направил со обвинителството во Шпанија или поточно со признавањето на вината доби помала казна.

Со оглед на тоа што неговото досие е чисто тој нема да заврши во затвор, но ќе мора да внимава во следните две години на своето однесување и постапки. Роналдо беше обвинет за затајување данок во вкупна висина од 14,7 милиони евра и тоа за периодот од 2011 до 2014 година.

Останува да видиме како сето ова ќе влијае врз Кристијано со оглед на тоа што веќе денеска од 20 часот има натпревар и тоа токму против Шпанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг