Славниот Роналдо го издвои најлошиот тренер во неговата кариера

Дерби

15/06/2018

19:05

3.626

Големина на фонт

а а а

Славниот бразилски ас, Луис Назарио Де Лима Роналдо одбележа една ера во фудбалот и поради неговите партии, изданија, погодоци, потези важи за еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња.

ој низ своето патување се соочи и со потешки повреди и прашање е каква поблескава кариера ќе можеше да изгради ако подобро го служеше здравјето и имаше можност да ги избегне паузите. Меѓутоа и вака Роналдо засекогаш ќе остане запаметен и ќе биде ценет од сите фудбалски фанови и работници.

Сепак самиот Роналдо нема позитивно мислење за сите, па така без влакна на јазикот отворено и иксрено го посочи најлошиот тренер со кого има соработувано во кариерата-тоа е сегашниот предводник на Египет, Ектор Купер.

-Мојата приказна во Интер заврши лошо поради него. Сепак тој продолжи да ги тренира, можеби го има најдобар агент во светот. Јас закрепнував од операцијата и сакав да играм, но нашата врска не беше добра. Отидов да го прашам претседателот Морати, да избере меѓу мене и него. На крајот отидов да играм за прекрасен тим како Реал Мадрид, но можам да кажам дека Купер беше најлош тренер што некогаш го имав во мојата кариера, -рече Роналдо за ТВ Спорт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг