Табарез застана зад Суарез: Никогаш нема да ги критикувам играчите, дури и најдобрите како Пеле, Марадона…

Дерби

15/06/2018

19:05

1.583

Големина на фонт

а а а

Селекторот на уругвајската репрезентација, Оскар Табарез застана во одбрана на Луис Суарез кој не се прослави на денешниот меч против Египет.

Напаѓачот на Барселона се најде во неколку одлични ситуации за гол, но истите не успеа да ги искористи и реализира. Сепак за негова среќа и за радост на сите Уругвајци стоперот Хименез се најде на вистинското место во 89 минута и донесе победа од 1-0.

За оваа партила Суарез доби критики од навивачите, но искусниот Табарез во свој стил порача:

-Никогаш нема да ги критикувам овие играчи, особено играчите кои толку многу му имаат дадено на уругвајскиот фудбал. Не знам што се случи со Суарез, нема да шпекулирам. Ги имам видено Меси, Пеле, Марадона и многу други како немаат свој ден и не играат на своето ниво- рече Табарез.

-Иако Суарез не одигра како што нормално тоа го прави, сепак имаше три можности за гол. Голмаснот спаси неколку, тоа е негова заслуга. Кога се е во ред топката завршува во мрежата. Додека Суарез продолжува да се обидува се ќе биде во ред, знаеме дека тој има голем потенцијал и ние сме задоволни со тоа, -додаде предводникот на јужноамериканците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг