Иванов: Празникот Бајрам е потсетник дека треба да си помагаме едни со други и да се воздржуваме од лоши мисли

Макфакс

15/06/2018

15:02

1.616

Големина на фонт

а а а

Претседателот, Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот на ИВЗ и до сите припадници на исламската вероисповед во државава.

„Рамазан е време на пост, солидарност, добрина и простување. Овие моменти се потсетник на основните човекови вредности, потсетник дека треба да си помагаме едни со други и да се воздржуваме од лоши мисли, а толеранцијата да биде мост меѓу сите граѓани во нашата држава“, стои во честитката на Иванов.

Македонскиот претседател понатаму наведува дека оваа земја секогаш била пример за соживот, почит и разбирање и ја искористи приликата уште еднаш да повика на слога и заедништво, бидејќи, како што вели, само заедно, искрени и сплотени ќе може да создаваме дела на кои ќе се гордеат идните генерации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг