Џафери со честитка за Бајрам: Заедно и сплотени да бидеме ветер кој ќе ја однесе Македонија во вистинскиот правец

Макфакс

15/06/2018

10:19

2.024

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, до сите припадници на исламската вероисповед упати честитка по повод големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам.

„Задоволство ми е од мое лично име и од име на пратениците на Собранието на Република Македонија, да упатам искрени честитки по повод големиот празник Фитер Бајрам, празник кој доаѓа веднаш по Рамазанските пости и е награда за индивидуалната пожртвуваност на верниците меѓутоа и за колективната взаемна солидарност и разбирање на сите граѓани без оглед на нивната етничка, верска или политичка припадност“, се вели во честитката на Џафери.

Тој на муслиманските верници им посака добро здравје, благосостојба во домовите и хармонија во семејниот круг, притоа истакнувајќи дека живееме во времиња на историски предизвик и искушенија за земјата.

„Затоа посакувам меѓу сите граѓани да надвладее мудроста, разбирањето и визионерството. Заедно, сплотени, сме посилни, помудри и ќе бидеме ветер кој ќе ја носи Република Македонија во вистинскиот правец, а тоа е полноправно членство во НАТО и ЕУ, природен и цивилизациски дел од европското семејство и европските вредности“, се наведува во честитката од претседателот на Собранитето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг