Гризман ја соопшти конечната одлука за својата иднина и ги разреши сите дилеми

Дерби

14/06/2018

23:43

3.613

Големина на фонт

а а а

Антоан Гризман закажа вклучување во живо на својот Инстаграм профил за вечерва во 21:15 часот, со главен мотив да ја соопшти својата конечна одлука околу дилемата која ја имаше повеќе од шест месеци.

По крајот на сезоната во Примера, шпанските медиуми веќе го преселија на „Камп Ноу“ и го најавија како големо засилување за Барселона за новата сезона, а иако и самиот Французин покажуваше позитивни знаци за вакво сценарио, на крајот сето ова пропадна во вода.

При вечерашното вклучување, Гризман ги сподели и мислењата на неговите најблиски за најтешката одлука која ја донесе во кариерата, за на крајот обраќањето да го заврши со следните зборови.

– Прават се што е во нивна моќ за тимот да продолжи да расте, тоа е неверојатно. Прават неверојатни напори за да растеме сите заедно, не можам повеќе да издржам. Мора да им кажам на луѓето дека останувам, ОДЛУЧИВ ДА ОСТАНАМ, – порача Гризман кој експресно ја потврди веста за останување во Атлетико и на Твитер.

– Мои навивачи, мој тим, МОЈ ДОМ! Атлетико Мадрид, – гласи пораката на Гризман со која стави крај на сите дилеми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг