Гол-шоу на „зборнаја“: Русија ја уништи Саудиска Арабија на отварањето на СП

Дерби

14/06/2018

19:18

1.764

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Русија ги надмина сите очекувања и ја уништи Саудиска Арабија со 5-0 на отварањето на 21. Светско фудбалско првенство.

Домаќинот многу добро знаеше што сака на оваа средба, постигна голови во вистинско време, го надигра противникот и дојде до огромен триумф кој ќе им даде дополнителен ветар и самодоверба пред преостанатите мечеви на шампионатот. Популарната „зборнаја“ го најави триумфот во 12 минута преку Газински за да пред крајот на првиот дел на 2-0 зголеми Черишев.

Во вториот дел Русија само ја комплетираше задачата, па така Ѕуба во 71 минута зголеми на 3-0. Точка на се беше ставено во судиското продолжение кога Черишев го постигна вториот гол на средбата за да 94 Головин стрела од слободен удар.

Вториот меч од оваа А група меѓу Уругвај и Египет се игра во текот на утрешниот ден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг