Мидо: Салах е чудо, не можете да го запрете…

Дерби

14/06/2018

21:33

2.440

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах имаше извонредна прва сезона во дресот на премиерлигашот Ливерпул и со тоа ги освои сите симпатии на пошироката фудбалска јавноста.

Меѓутоа за брзоногиот напаѓач нема одмор и сега се очекува да биде вистински лидер и да го предводи Египет на Светското првенство во Русија, но пред првиот настап на „фараноините“ легендата на фудбалот во оваа зема Ахмед Мидо уште една потврди, посочи што за нив значи Салах и зошто никој не можед а го запре.

-Тој е тип на човек кој вели: Ајде, дури и ако ја имам целата нација на моите рамења, тоа не ми пречи. Тој е одличен човек и мислам дека начинот на кој тој се развива како личност, споредувајќи ги Салах од Челзи и Салах од Ливерпул, тоа е чудо. Го видов во Челси и тој беше срамежливо момче. Дури и на телевизија реков дека ако го задржи тој карактер, за жал никогаш нема да биде голем играч, но неговиот квалитет може да го направи да биде на врвот. Пред три години кога Ливерпул сакаше да го потпише Салах и тој отиде во Челси, јас на Твитер напишав: Салах е 10 пати подобар од Стерлинг, а луѓето ми се смееја. Стерлинг е многу добар играч, тој напредуваше под водство на Гвардиола, но Салах е неверојатен, еден од ретките играчи кој кога ќе има свој ден не можете да го запрете, -истакна Мидо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг