Почна расправата за гласање недоверба на грчката Владата

Макфакс

14/06/2018

18:53

2.215

Големина на фонт

а а а

Започна расправата во грчкиот Парламент по доставеното барање од опозициската Нова демократија за гласање недоверба на грчката Влада. Претседателот на Парламентот соопшти дека расправата ќе заврши со гласање в сабота во 14 часот, на што имаа приговор пратениците од опозициската Нова Демократија.

Според најавите, денеска расправата ќе трае до еден часот по полноќ, утре и в сабота ќе почне во 9.30 часот наутро. 

Пратениците ќе расправаат за работата на Владата, а договорот со Македонија се очекува да биде главна тема, со оглед на тоа што токму договорот е главната причина за барањето на опозицијата за гласање недоврба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг