Османи: Потребна ни е квалитетна реформска агенда

Макфакс

14/06/2018

18:36

1.139

Големина на фонт

а а а

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, пред членовите на министерскиот совет ја презентираше драфт верзијата од Планот 18.

„Имавме одлична презентација на Планот 18 пред различни целни групи како што е Делегацијата на ЕУ, мисиите на ОБСЕ, граѓанскиот сектор, опозицијата, со што го продолжуваме принципот на инклузивност уште во фазата на негово создавање“, истaкна Османи на средбата, информирајќи за успешноста во овој процес при кој веќе пристигнуваат конструктивни сугестии и коментари кои заслужуваат сериозно да бидат земени предвид при финализацијата на Планот. 

„Планот 18 мора да го надмине квалитетот и амбициите на Планот 3-6-9, и да ја задржи и засили рефромската агенда на Владата во периодот од одлуката за преговори, па сè до нејзиниот почеток, истакна Османи, упатувајќи на важноста од создавање квалитетен План кој ќе ги оправда очекувањата за квалитетни и суштински реформи, и довербата во реформскиот курс на владата, како на домашната, така и на меѓународната јавност. 

Во тој контекст, Османи информираше дека во текот на наредната недела очекува серија активности во насока на усогласување со забелшките на Планот кои во овој период пристигнуваaт од сите заинтересирани страни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг