Салах е подготвен, би можел да стартува против Уругвај

Макфакс

14/06/2018

17:17

1.395

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах најверојатно ќе го стартува првиот меч на Египет на Светското првенство во Русија против Уругвај во петокот, откако египетскиот селектор Ектор Купер изјави дека тој е „100 отсто сигурен“ дека повредата на рамото е минато.

25-годишната ѕвезда на Ливерпул ја заработи повредата во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 26 мај и во Египет стравуваа дека тој нема да може да игра воопшто на Мундијалот, каде што требаше да биде прва ѕвезда на африканската селекција која првпат е на едно СП по 28 години.

Аргентинецот Купер вели дека прогресот е ветувачки.

„Салах е многу добро, и бргу се опоравува. Речиси сум 100 отсто сигурен дека ќе игра против Уругвај. Се обидуваме да му ја кренеме самодовербата и лекарите ќе одлучат на крај. Го познавам многу добро и знам дека не се плаши од предизвикот“, изјави Купер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг