Гризман вечерва ќе стави крај на трансфер сагата...

Точка

14/06/2018

17:10

2.040

Големина на фонт

а а а

Ентоан Гризман е еден од најдобрите фудбалери на светот на својата позиција, а за Французинот веќе долго време кружат гласини околу неговата иднина.

Очигледно на францускиот репрезентативец му се смачија сите гласини поврзани со неговата иднина кои што ги преплавија шпанските медиуми во последните неколку месеци.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид беше поврзуван со Манчестер Јунајтед и Барселона, а јасно дека мадридскиот клуб сака по секоја цена да го задржи во своите редови. Како и да е, на Твитер профилот на „Мовистар“, Гризман порача дека вечерва ќе ја соопшти конечната одлука.

„Знам дека ви се смачија коментарите за тоа дали си одам, останувам и колку ќе добијам. Но, вистината ќе ја откријам сега“, порача Гризман и најави дека вечерва во 21:15 светот ќе ја дознае неговата одлука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг