Бугарско МНР: Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на соседната држава

Макфакс

14/06/2018

12:52

1.182

Големина на фонт

а а а

Средбите со македонскиот претседател Ѓорге Иванов се откажани бидејќи не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашата соседна држава, соопшти бугарското МНР, по откажувањето на средбите од страна на премиерот Бојко Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева со македонскиот претседател.

„Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна јавност. Јасна е и позицијата на претседателот на Република Македонија. Бугарската Влада не гледа смисла да биде искористена за внатрешно-политички дебати во Скопје. Клучно за идниот развој на нашата соседна земја е интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа да не се доведува во прашање“, се наведува во соопштението од бугарската Влада.

Претседателот Иванов е во дводневна официјална посета на Бугарија. Освен со неговиот колега, Румен Радев, Иванов требаше да се сретне и со бугарскиот премиер Бојко Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.



Спонзорирани линкови

Маркетинг