5 есенцијални парчиња облека за совршено бегство за викенд

Супермен

14/06/2018

12:10

1.936

Големина на фонт

а а а

Со убавото време доаѓаат и кратките излети. Со оглед на тоа дека за вакви излети во поголемиот дел од случаевите не Ви е потребна формална облека, туку некоја во која ќе се чувствувате опуштено, погрижете се во Вашиот ранец да ги имате овие парчиња облека.

Tod's кошула во штрафти 


Кошулата во ретро фазон е "must have" ова лето. Оваа кошула со штрафти е одличен избор за да бидете во тренд. Со мала крагна, таа е одличен баланс е помеѓу разиграното и рафинираното. Облечете кошула со кратки панталони или шорцеви за капење како за дневна комбинација, додека навечер можете да ја носите под опуштен тегет блејзер.

Бели патики Feit


Умешноста за облекување се крие е во тоа и добро да ги искомбинирате белите патики со шорцеви и блејзер. Овој минималистички модел одлично се комбинира со сите дневни комбинации.

Тегет блејзер Ermenegildo Zegna 


Секогаш е паметна идеја за дводневниот излет да носите и блејзер. Доколку можете да си приуштите блејзер со потпис од Ermenegildo Zegna во тегет боја, тогаш припаѓате во малиот број на луѓе кои знаат што значи терминот smart casual и тоа квалитетен.

Морнарски ранец Paul Smith


Дезенот кој потсетува на приморските градови е креиран во вид на ранец со штрафти од Paul Smith. Не само што ќе Ви послужи во него да ги спакувате сите овие наброени парчиња облека, туку ќе Ви служи и после распакувањето. Можете да го носите на плажа или пикник. Па, за облека, шише вино или крпа, одлучете сами.

Шорцеви за капење Onia


Без оглед каде сте се упатиле - на планина, езеро или море, некаде ќе пронајдете извор каде ќе се разладите или искапите. Одберете шорцеви кои можете да ги носите на плажа и во кафич.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk