Мбапе за проблемите на Шпанија: И без Лопетеги тие се фаворити за титулата

Дерби

14/06/2018

10:31

1.220

Големина на фонт

а а а

Младиот француски напаѓач, Килијан Мбапе и понатаму ја става Шпанија на врвот на главни фаворити за пехарот на престојното СП и покрај неочекуваните проблеми и турбуленции во „црвената фурија“ и отказот на селекторот Хулен Лопетеги пред самиот старт на големиот настан.

- Тие се истите играчи со истите амбиции. Низ зборувавме на тренингот две минути за тоа што се случи. Тие ќе бидат исти на теренот. Имаат амбиција да триумфираат и ќе бидат истите. Со друг тренер, ама ќе бидат компетитивни и ќе имаат желба да слават. Имаат се освоено и се навикнати на големи турнири, - истакна Мбапе кој ги додава Бразил и Германија на Шпанија како главни претенденти за титулата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг