Две важни лица покрај Трамп и Ким: За нив не се зборувало, а имале клучна задача

Точка

13/06/2018

22:11

6.894

Големина на фонт

а а а

Тие имале многу важна работа - "Клучната работа на самитот".

Додека американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, воделе историски разговори на самитот во Сингапур, не биле сами во собата. Некој морал да им преведува. 

Таа важна задача им припаднала на Ли Јун Хианг, вработена во Стејт департментот, која му преведувала на Трамп, и Ким Ју Сонг, член на севернокорејското Министерство за надворешни работи, кој го работел истото за Ким.

"CNN" пренесува дека двајцата имале "клучна работа на самитот". Гледиштето на дипломатското ниво може да биде разликата меѓу пронаоѓањето на мир или предизвикување на меѓународен инцидент.

Секој збор што го изговориле светски лидери, преведувачите морале да го преведат и да го пренесат во строг контекст.

Само еден нивен погрешно преведен збор можело да доведе до сериозен судир, па можеби и војна.

Ли Јун Хианг секогаш сакала да го користи својот глас, но не баш како преведувач. Таа била ученичка по вокална музика во Јужна Кореја, кога почнала да работи како преведувач благодарение на еден пријател.

Ли се обидела да стане телевизиски продуцент, пренеле медиумите во Јужна Кореја, но нејзиното барање било одбиено бидејќи е жена.

Тоа бил одлучувачки момент за Ли, која решила да ја напушти својата земја. "Не можам да ја одгледам ќерка ми во држава која дискриминира жени", изјавила таа тогаш.

Така, во 1996. година Ли завршила во Калифорнија, каде на Монтереј институтот за меѓународни студии осум години ја посетувала програмата за превод.

После тоа се приклучила на Стејт Департментот на неколку години, а потоа се вратила во Јужна Кореја, каде работела како професор на Универзитет. Повторно се вратила во Стејт Департментот во 2009. година.

Работела и како преведувач за претседателите Обама и Буш, како и за тогашната државна секретарка Хилари Клинтон.

Исто така работела и како преведувач на Јужна Кореја на Зимските Олимписки игри во Ванкувер во 2010. година и Пекинг во 2008. година.

За преведувачот на Ким, Ју Сонг, не се знае многу. Тој пред неколку дена бил во Белата куќа, каде севернокорејскиот службеник Ким Јонг Чол му предал писмо на Доналд Трамп.

Тогаш имал можност да го декодира стилот на говор на Трамп. Исто така го следел Чол и на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, пренесува "CNN".

"Иако не е обучен како професионален преведувач, избран е поради своето одлично познавање на англискиот јазик", рекол службеник од Северна Кореја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг