Навивачката група „Комити“ повикува на протест пред Собранието

Макфакс

13/06/2018

14:14

1.266

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Вардар, „комитите“, преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните денеска да излезат на протест пред Собранието на Република Македонија бидејќи, како што велат, државата е нападната од внатрешни квислинзи и странски агресори, како и да се покаже дека идеалот за слобода сè уште живее кај граѓаните.

„Почитувани граѓани на Република Македонија, во овие тешки моменти за нашата татковина Македонија, која е жестоко нападната од внатрешни квислинзи и странски агресори, кои со сила и геноцидни методи сакаат да ни ги сменат идентитетот, нацијата, јазикот, историјата…“, стои во објавата поставена на официјалната фејсбук-страницата на навивачката група.

„Ве повикуваме да ги оставите вашите клупски обележја, партиските книшки, меѓусебните проблеми, заборавете на разликите помеѓу вас. Ве повикуваме вашата Македонија да ја одбраните. Соберете ги вашите родители, браќа, сестри, роднини, пријатели. Дојдете денес пред Собранието на Република Македонија – да покажеме дека идеалот за слобода сè уште живее во нашите срца“, велат од навивачката група.

Протестот е закажан за вечерва од 20 часот пред Собранието на Република Македонија.

„Нашата револуција нема боја, има име, а името ѝ е Македонија“, напишаа од навивачката група на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг