Протекол таен план: Европската унија ќе гради прифатни центри за мигранти, но надвор од своите граници

Точка

13/06/2018

16:43

4.381

Големина на фонт

а а а

После данскиот премиер и австрискиот канцелар Себастијан Курц откри дека се водат преговори во Европа, но надвор од границите на Европската унија, да се изгради прифатен центар за мигранти.

Себастијан Курц додаде дека на тој план работи Австрија заедно со уште неколку други земји членки на Европската унија. Центарот на мигрантите би им понудил заштита, но не и шанса за подобар живот.

Запрашан за постоењето на таквиот проект, тој изјави дека во тек се напори надвор од Европската унија да се формираат центри за заштита каде што би можеле да бидат сместени бегалците, но каде што не би им бил понуден „подобар живот во централна Европа“.


„Тоа е проект на кој што работиме со мал број на држави многу доверливо со цел да ја зголемиме изводливоста“, изјави Себастијан Курц.

Курц, конзервативец кој што е во коалиција со австриските десничари, не прецизираше за кого би биле наменети тие центри, но неговиот дански колега Ларс Локе Расмусен најави минатата седмица, дека се разговара со некои земји, вклучувајќи ја и Австрија, за отворање на „заеднички центри“ наменети за мигрантите кои што неемаат услов да бараат азил во Европската унија или на кои што им се одбиени барањата за азил.


Засега како земја каде што би можеле да бидат отворени таквите центри се споменуваше соседна Албанија, но исто така е јасно дека станува збор за подрачјето на Западен Балкан, а земјите не се членки на Европската унија, тогаш станува збор за Албанија, Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг