Познатиот стилист и ТВ водител Сергеј Варошлија пред два дена гостуваше во емисијата "Лица" со Анета Кочишки, каде отворено проговори за неговиот приватен живот.
Познат по своите контроверзии, модниот критичар зборуваше за животните успеси и неуспеси и искрено проговори за зависноста од дрога и за својата сексуална ориентација.
"Ќе бидам неискрен ако кажам дека е неточно дека консумирав дрога", "Бев киднапиран среде бел ден, морав да му се јавам на татко ми кој имаше рак" и "Мојот партнер е избркан од дома кога неговите дознале дека е со мене во врска" се само дел од темите на кои Варошлија отворено зборуваше пред јавноста.