Нема да се урива, туку ќе се преименува „Воинот на коњ“

Макфакс

13/06/2018

13:17

1.435

Големина на фонт

а а а

Нема да се урива, туку ќе се преименува „Воинот на коњ“, во споменик на Александар Македонски, најави владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Слична судбина ќе имаат и другите споменици дел од проектот Скопје 2014, како споменикот на Филип Втори и на Олимпија.

– Спомениците кои ја отсликуваат хеленската култура како историско наследство на светот, ке го добијат тој епитет. „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во Александар Македонски и ќе дадеме објаснување дека е дел од хеленскиот антички период и како светскио културно наследство. Нема уривање, тој станува симбол на пријателство меѓу Макеоднија и Грција. Ние не се срамиме да ги нарекуваме спомениците така како што се, рече Бошњаковски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг