Арсенал пред договор со тројца нови играчи

Дерби

13/06/2018

12:59

1.521

Големина на фонт

а а а

Од редовите на Арсенал напорно работат на остварување на зацртаните трансфер цели на новиот тренер Унаи Емери.

Во овој момент „топчиите“ се пред реализација на три трансфери на играчи кои ќе помогнат во зајакнување на составот за следната сезона.

Веќе е договорен трансферот на Сократис Папастатопулос, а официјална потврда на истиот ќе има на 1. јули. Арсенал е во интензивни преговори и со голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено кој се очекува од следната сезона да биде прв избор на Емери меѓу стативите на голот на лондонскиот клуб.

Третото засилување ќе дојде од редовите на Спортинг Лисабон. Арсенал е еден од клубовите кои ја чека разврската на Желсон Мартинс по поднесеното барање за предвремено раскинување на договорот со тимот од Лисабон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг