Заев: Постигнавме достоинствено решение за името – Република Северна Македонија

Макфакс

12/06/2018

19:04

8.254

Големина на фонт

а а а

Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia, на англиски) е името за севкупна употреба кое го договориле премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Премиерот Заев на прес-конференција во Владата на обраќање со членовите на Владата информираше дека е постигнато достоинствено решение за името – Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба, кое ќе се прецизира со амандман во Уставот. 

„Националноста е македонска/ граѓани на Република Северна Македонија. Со решението го јакнеме идентитетот македонски. Македонскиот јазик и народ ќе бидат заштитени и зајакнати еднаш и засекогаш. Нема веќе ФИРОМ, нема веќе договори во кои се избегнува македонскиот јазик. Свои сме на своето и коченчно тоа е признато од сите наши соседи. Ќе се зајакне културниот идентитет, нашата придобивка е огромна, ветува стабилна и проперитетна иднина на нашите граѓани“, рече Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг