Заврши телефонскиот разговор Заев – Ципрас, на прес-конференција ќе се соопштат деталите од договорот

Макфакс

12/06/2018

17:50

1.542

Големина на фонт

а а а

Телефонскиот разговор за конечниот договор околу спорот за името, помеѓу македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас заврши. Како што информираат грчките медиуми, по разговорот Ципрас заминал на разговори со претседателот Прокопис Павлопулос. Според истите извори, се очекува по 18 часот, Ципрас на грчката јавност да и го соопшти договореното.

Половина час подоцна се очекува да се обрати и македонскиот премиер Зоран Заев. Од Владата информираат дека премиерот Заев во 18.30 часот во Медиа центар, заедно со членовите на Владата ќе одржи прес – конференција во врска со договорот за спорот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија. 

Заев претходно изјави дека е оптимист оти решението ќе биде постигнато денеска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг