Сколари: Сите зборуваат за Нејмар и Кутињо, но најважен играч на Бразил е…

Дерби

12/06/2018

17:35

3.061

Големина на фонт

а а а

Легендарниот бразилски селектор, Луиз Фелипе Сколари со големо нетрпение го чека стартот на Светското првенство како и секој голем фан на фудбалот ширум светот, но интересно е тоа што искусниот стручњак направи и своја анализа за актуелниот состав на Бразил кој игра импресивно под водство на Тите.

Бразил пристигнува во импресивна и страшна форма на мундијалот во Русија и полека се издвојува како главен фаворит за освојување на титулата, факт за кој е свесен и самиот Сколари кој сепак при својата анализа извлече еден навистина интересен заклучок.

Според поранешниот бразилски селектор, најважен играч во актуелниот тим на Бразил не се големите ѕвезди Нејмар или Кутињо, туку големиот работник Касемиро кој им дозволува на другите да го направат своето во нападот.

– Сите зборуваат за Нејмар и Кутињо, но играчот кој ја прави разликата во овој Бразил е Касемиро. Тој му го дава потебниот баланс на тимот, тој се грижи за рамнотежата и ги спречува противниците со својата деструктивна игра. Касемиро е причина поади која Марсело, Нејмар, Кутињо и останатите можат да бидат мирни кога одат во нападот, – вели Сколари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг