Оваа снимка го убедила Ким: Трамп му покажал како ќе изгледа Северна Кореја ако потпише! Филм достоен за Холивуд

Точка

12/06/2018

17:48

3.102

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидел да внесе доза холивудска драма на состанокот со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кога на својот "iPad" му покажал на Ким кратка видео снимка, која ги прикажува можностите кои би можеле да произлезат од договорот за укинување на нуклеарниот арсенал на Северна Кореја.

Снимката, која Трамп денес ја претставил на прес-конференцијата, е приказна за "двајца мажи, двајца лидери, една судбина", пренесува "AP" и додава дека Трамп и Ким се прикажуваат како две водечки фигури во филмот, чиј крај е неизвесен. 

Во снимката, која потсетува на трејлер за филм, се гледаат фотографии од воени авиони и артилерии, додека нараторот на англиски и корејски јазик наведува дека "новиот свет може денес да почне, едно пријателство, почитување и добра волја".

"Ние тоа го измисливме. Му го покажав денес, во текот на состанокот, кога се ближеше крајот, и мислам дека му се допаѓаше", рекол Трамп.

Тој навел дека снимката ја покажал на 8-члената севернокорејска делегација и нагласил дека мисли дека тие биле фасцинирани.

"Му го покажав, бидејќи, навистина сакам тој да направи нешто", рекол Трамп. Во краткиот филм Ким се претставува како централна фигура, која живее во клучен момент во историјата.

Во него се наведува дека Ким би можел да биде "херој на својот народ". "Дали ќе подаде рака на мир и ќе ужива во просперитет каков што нема видено, убав живот или вечна изолација? Кој пат ќе го одбере?", се прашува нараторот во снимката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг