Жителите на Кичево се жалат на еколошка катастрофа во „Осломеј“

Макфакс

12/06/2018

13:29

1.244

Големина на фонт

а а а

Кичевци се крајно револтирани кога синоќа од термоелектраната „Осломеј“ дојде до исфрлање голема количина пепел во воздухот.

Жителите се жалат дека целиот воздух бил загаден, едвај се дишело, а кај повеќемина се јавиле истите симптоми – печење во грлото. Тие се загрижени и наведуваат дека не работи филтерот, со што е затруен воздухот уште од синоќа.

Од АД ЕЛЕМ денеска соопштија дека веќе е отстранет дефектот во системот за водно отпепелување, кој настанал синоќа во термоелектраната „Осломеј“, поради што дошло до исфрлање пепел во атмосферата.

„Станува збор за механички дефект, заглавен резервоар за хидросмеса, кој е веќе отстранет. Стручните екипи на електраната работат на повторно вклучување на електростатскиот филтер на оџакот на ТЕ ‘Осломеј’ и во секој момент се очекува да продолжи водното отпепелување во согласност со еколошките стандарди“, наведуваат од АД ЕЛЕМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг