Трамп се правеше важен, па му го покажа на Ким својот автомобил: Ова е веројатно најбизарниот момент од средбата на двајцата претседатели

Точка

12/06/2018

13:11

7.056

Големина на фонт

а а а

Ким Јонг Ун имаше привилегија каква што имаат многу малку луѓе – преку отворена задна врата да ја види внатрешноста на посебно дизајнираниот Кадилак, претседателскиот автомобил на Трамп, наречен „Ѕвер“ кој според многумина е практично оклопно возило „маскирано“ во автомобил.

Очите на целиот свет денес се вперени во историската средба на Доналд Трамп и Ким Јонг Ун и потпишаниот договор помеѓу двајцата претседатели.

Сепак, веројатно најбизарниот момент од нивното дружење се случи за време на прошетката околу хотелот после работниот ручек, кога Трамп го одведе Ким Јонг Ун да му го покаже претседателскиот автомобил – „Ѕверот“, како што е наречено возилото вредно 1,6 милиони долари.


Според многумина, Трамп сето тоа го направил многу „мангупски“, односно ги искористил неговите ПР способности, додека пак севернокорејскиот лидер насмевнат ја погледнуваше внатрешноста на автомобилот на претседателот на САД кој што патува заедно со Трамп насекаде низ светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг