Продолжува телефонскиот разговор меѓу Заев и Ципрас

Макфакс

12/06/2018

11:57

1.343

Големина на фонт

а а а

Премиерите на Република Македонија и Република Грција денеска треба да го продолжат телефонскиот разговор што го почнаа вчера за решавање на спорот за името. Како што пренесоа двете страни, оценките се дека преговорите се во завршна фаза и очекуваат постигнување решение пред самитот на ЕУ.

Како што пренесе Владата на Република Македонија, 60-минутниот разговор меѓу двајцата премиери поминал во добра клима и двајцата се договориле за денеска да го довршат својот разговор.

Македонскиот премиер вчера изрази надеж дека многу бргу ќе биде постигнато решение и нагласи дека тоа би можело да се случи пред самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, синоќа во интервју за грчката телевизија „Контра“ изјави дека е направен решителен исчекор со телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери. Тој рече дека по ратификувањето на договорот во македонското Собрание, Грција ќе даде зелено светло на самитот на ЕУ на 25 јуни, а ако оди сè по планираното, НАТО ќе достави покана за членство на нашата земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг