Уникатно и необјавено видео: Како седумгодишниот Гризман барал автограми од Анри и Зизу пред 20 години

Дерби

12/06/2018

10:23

1.869

Големина на фонт

а а а

Француската фудбалска репрезентација има големи очекувања од Светското првенство во Русија на кое ќе прослави еден убав 20-годишен јубилеј од последната титула освоена на мундијалите, а сето ова доби една навистина убава најава бидејќи француската телевизија „В9“ сега „ископа“ едно уникатно и досега необјавено видео.

Една од главните ѕвезди во актуелниот тим на Франција е Антоан Гризман, напаѓачот кој имал само седум години кога славната генерација предводена од Зидан ја освои титулата на домашно тло, а сега на прикажаното видео може да си види како тој во придружба на едно другарче бара автограми од големите ѕвезди пред почетокот на Светското првенство во 1998 година.

Пред 20 години како млад им посака среќа на големите ѕвезди на мундијалот, а сега како лидер во нападот ќе се обиде да го повтори успехот кој сите Французи посакуваат да се повтори во Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг