Зголемени мерки за заштита: Поради затворањето на џамии, австрискиот канцелар добил смртни закани!

Точка

12/06/2018

14:12

2.225

Големина на фонт

а а а

Зголемени мерки за заштита: Поради затворањето на џамии, австрискиот канцелар добил смртни закани!

Австрискиот канцелар Себастијан Курц примил неколку пораки со смртни закани на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Смртните закани Курц ги добил после неодамнешната одлука да бидат затворени неколку џамии ширум државата, како и да протера околу 40 имами со нивните семејства.

Весникот „Естерајх“, цитирајќи ја канцеларијата на претседателот на Австрија, пренесува дека властите ги зголемиле мерките на заштита на австрискиот канцелар, како и на уште неколку министри од австриската влада.


Себастијан Курц во текот на овој месец на социјалната мрежа Твитер порача дека поради прекршувањето на законот за финасирање на верски заедници од странство, Австрија ќе протера 40 имами заедно со нивните семејства.

Курц порача дека Виена ќе нареди и затворање на неколку џамии кои што биле финансирани од Турција и арапските земји и нагласи дека во Австрија нема место за паралелно општество и нема место за политичкиот Ислам.


Австрискиот канцелар досега во многу наврати го има критикувано „политичкиот Ислам“, а нареди и забрана за носење на хиџаб во училиштата, со цел децата на таа возраст да бидат заштитени од дискриминација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг